Изборите како форма на одлучување на мнозинството датираат од времето на античка Атина и Рим, иако многу различни од она што денес го знаеме како начин и израз на волјата на граѓаните и на демократијата. Современите избори го имаат своето потекло во 17 век, кога Европа и Северна Америка почнаа да организираат избори слични на оние што ги знаеме денес.
Но, долго време правото на глас беше исклучиво само право на мажите. Само од 20 век ова право им беше признаено и на жените, додека од 1948 година Обединетите нации го признаа правото на глас како основно човеково право.
Изминатата недела беше одбележан и Светскиот ден на изборите, а ТРТ Балкан ви пренесува кратка историја на првите избори организирани во земјите од Западен Балкан.
Историја на изборите во регионот
Првите избори за Народното собрание на Србија, по прогласувањето на независноста, се одржале на национално ниво на 29 октомври 1878 година. Во целата земја биле избрани 129 пратеници. Принцот имал право да назначи уште 43 пратеници, па така новото Народно собрание, свикано на 21 ноември 1878 година во Ниш, имало вкупно 172 пратеници. Либералите освоија мнозинство на тие избори.
Црна Гора ги организираше првите избори во историјата на земјата на 27 ноември 1905 година. На тие избори беше избрано Народното собрание кое ќе го одобри Уставот.
Првите избори во историјата на Албанија беа одржани на 21 април 1921 година. Прогресивната партија предводена од Шефќет Верлаци и Народната партија на Фан Ноли и Луиѓ Гуракуќи освоија приближен број мандати.
Северна Македонија ги организираше првите повеќепартиски избори во ноември 1990 година, по воспоставувањето на политичкиот плурализам. Во тоа време земјата сѐ уште се нарекуваше Социјалистичка Република Македонија. Сојузот на комунистите на Македонија во првиот круг го освои мнозинството, додека во вториот круг победи ВМРО-ДПМНЕ.
Првите избори во Босна и Херцеговина беа одржани на 18 ноември 1990 година, додека вториот круг за избор на претставници во Домот на народот беше одржан на 2 декември истата година. Ова беа првите повеќепартиски избори во Босна и Херцеговина. Покрај изборите за членови на Претседателството на Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, беа одржани и изборите за Собрание на Социјалистичка Република Босна и Херцеговина.
Косово ги организираше своите први избори во 1998 година, во екот на тензиите со Србија. На тие избори за претседател беше избран Ибрахим Ругова. Претходно, Косово организираше избори во 1992 година, кога беа избрани пратеници, иако без Собрание и владата позната како „Влада во егзил“. Првите слободни избори во Косово се одржаа во 2000 година, по повлекувањето на режимот на Слободан Милошевиќ.
TRT Balkan