Иако и денес е млада и убава жена, Наташа Павловиќ како девојка се занимавала со манекенство, а во една прилика се присетила како тоа изгледало.
Водителката е во брак со продуцентот Предраг Павловиќ, со кој имаа два сина, а се запознале сосема случајно преку заеднички пријатели.
Денес, Наташа е една од најпопуларните телевизиски личности во регионот, а многумина не знаат дека некогаш успешно се занимавала со манекенство, иако тоа може да се заклучи од нејзината витка фигура.
За нејзиниот успех на ова поле говори и фактот што работеше и во земјава и во странство, по што стана моден кореограф во позната агенција.
Таа во една прилика на социјалните мрежи сподели фотографии од тој период.
„Малку носталгија… Кога бев мало девојче. Денови на манекенството“, се присети еднаш таа.
Наташа смета дека нејзините богати животни искуства дефинитивно и помогнале да стане добра мајка и сопруга.
„Да не патував и не излегував толку многу, мислам дека немаше да бидам добра сопруга и мајка. Сега не ми е тешко што со денови не можам да излезам од дома поради децата, што не можам да одам на вечер со другарките каде сакам, затоа што сум го поминала сето тоа“, рекла таа еднаш.