ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ИЗГОРЕНИTE АВТОМОБИЛИ ВО ДЕДИЊE: Еден од нив го користел познат белградски директор

При пожарот изгореле три возила.

На Дедиње синоќа изгореа три автомобили, од кои едниот го користеше директорот на Јута, Александар Сеничиќ.

Полицијата два часа по полноќ била известена дека автомобилите горат. При пожарот изгореле три возила „фиат хром“, „нисан кашкаи“ и „ренџ ровер“ сопственост на агенцијата „рентакар“ што ги користел Александар Сеничиќ.

Сеничиќ изјавил дека слушнал експлозија и дека пожарот го зафатил „фиатот“, по што пожарот се проширил и на други возила.

– Се запали автомобилот до мојот „фиат хром“ кој долго време беше на паркингот. Повеќето од луѓето кои беа таму рекоа дека тој прв почнал да гори – рече Сеничиќ.

Истрагата ќе утврди како дошло до експлозијата.