Претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу ќе го посети Тетово

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, која утре доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија, в четврток на 27. април ќе престојува во Тетово, информираа од локалната самоуправа. Во градот се поставени билборди преку кои и се посакува добредојде на претседателката на Косово.

Превидено е Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово да има средба со  градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до ООУ „Лирија“, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.

Вјоса Османи Садриу е претседателка на Косово од април 2021 година.