ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРБИЈА СО СИНОТ ДАНИЛО ВО СПОМЕН НА КСЕНИЈА ВУЧИЌ: Се одбележува една година од смртта на новинарката (ФОТО)
Семејството на новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска го одбележува годишниот помен на новите гробишта во Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна на гробиштата со својот син Данило.
На новите гробишта, покрај најблиските членови на семејството, беа присутни и бројни пријатели и колеги на починатата новинарка. Таму беа и премиерката Ана Брнабиќ, министрите Горан Весиќ и Синиша Мали и многу други.
За потсетување, Ксенија Вучиќ почина во сабота на 29 јануари 2022 година на 56-годишна возраст.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потоа се огласи на својот Инстаграм профил и ја информираше јавноста дека починала неговата прва сопруга.
Ксенија починала во својот дом, а до неа во тој момент бил синот Данило. Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години. Кариерата ја започнала во ТВ Студио Б, а во последните години водеше исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.