Приведена е Џиџи Хадид! Познатата манекенка шверцувала канабис (фото)

Познатата манекенка Џиџи Хадид е приведена на Кралските Кајмански Острови.

Џиџи Хадид (28) е уапсена и обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога откако минатата недела долетала од САД на Кајманските Острови, пишува TMZ.

Имено, таа на 10 јули пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс.

Агентите на царината и граничната заштита ја поминале нејзината чанта низ скенер и рачно ја пребарале, каде што нашле „мала количина марихуана и реквизити за пушење“.

Утврдено е дека марихуаната е „само за лична употреба“, иако Хадид и нејзиниот придружник биле уапсени под обвинение за увоз на марихуана и реквизити од канабис.

Џиџи беше процесуирана во притворниот центар на Кралските Кајмански Острови – каде беше договорена кауција и подоцна ослободена, во очекување на гонење.

Таа, исто така, беше казнета со 1.000 долари и наводно нема осуди во нејзиното досие.