Привремениот премиер на Пакистан заминува од Давос поради тензиите со Иран

 Привремениот премиер на Пакистан Анвар-ул-Хак Какар ќе го прекине учеството на Светскиот економски форум во Давос, во услови на зголемени тензии со Иран.

Министерството за надворешни работи во Исламабад соопшти дека воздушните напади на пакистанските сили на територијата на Иран се оправдани бидејќи биле преземени „во услови на веродостојни разузнавачки информации за претстојни големи терористички активности“, пренесува Гардијан.

„Пакистан целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран. Единствената цел на денешниот чин беше да се грижи за сопствената безбедност и националниот интерес на Пакистан, кој е најважен и не може да биде загрозен“, се вели во соопштението