Евгениј Пригожин, основач на руската платеничка група „Вагнер“, во видео објавено денеска изјавува дека украинскиот град Бахмут е „практично опколен“ од неговите сили и дека украинските сили држат само една улица, пренесе Хина.
Луѓето на Пригожин со месеци го напаѓаат Бахмут, што во советско време се нарекувал Артјомовск, а Русија го гледа како корисна отскочна даска за освојување на поголемите градови како Краматорск и Славјанск.
Пригожин го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги повлече своите сили од малиот град.
„Единиците на приватната воена компанија „Вагнер“ практично го опколија Бахмут. Остана само една улица (отворена за украинските сили) . Клештата е се поцврста“, наведе Пригожин во видеото.
Тој додаде дека неговите сили се повеќе се борат со старци и деца, а не против професионалната украинска армија.
Британските медиуми ги лоцираа снимките направени источно од градот, на околу два километри од центарот.
-Во Бахмут се водат 24-часовни борби… Ситуацијата е критична, изјави за украинското радио НВ, Володимир Назаренко, заменик командант на Националната гарда на Украина.
Русија, која ја загуби територијата во втората половина на 2022 година, вели дека преземањето на Бахмут би било чекор кон заземање на остатокот од околниот индустриски регион познат како Донбас. Украина вели дека градот има ограничена стратешка вредност, но сака да ги истошти руските сили.