Пристигнаа формуларите за пасоши во Македонија, но само за итни постапки

Граѓаните кои го одредиле рокот за издавање пасоши по итна постапка и лицата со лекарско уверение наскоро ќе добијат нови патни исправи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека добиле 20.000 формулари.

Тоа значи дека во наредниот период пасош ќе има само тој што платил трипати повеќе, останатите ќе треба да чекаат.

Тошковски вели дека државата е во ваква состојба поради непостапувањето на претходното раководство. Неговиот заменик, кој доаѓа од редовите на СДСМ, Митко Бојмачалиев, не гледа дека има стоп во давањето на документите.

Тошковски уште еднаш ги повика пратениците да го изгласаат Законот за патните исправи што е доставен, по полагање на возачката дозвола.