Село во Швајцарија нуди 58.000 евра на оној кој ќе се досели: Ова се условите

Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.

Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.

Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.

10 години на село

Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.

Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.

Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.