„ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СЕ БОРИТЕ, НИЕ СМЕ СО ВАС“ – Орбан јасно и стави до знаење на Америка на чија страна е Унгарија (ФОТО)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во објава на Твитер го поддржа Доналд Трамп и го повика поранешниот американски претседател „да ја продолжи борбата“ со оглед на обвиненијата што се покренати против него.
Големата порота минатата недела го обвини Трамп дека и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна тајна врска. Даниелс тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.
Покрај пораката, Орбан на Твитер објави и фотографија на која е со Трамп, направена за време на посетата на унгарскиот премиер на САД во август минатата година.
– Продолжете да се борите, господине претседателе! Ние сме со вас, напиша Орбан на Твитер.