Продолжува високата загаденост на воздухот, Скопје денеска е најзагаден град во Европа

Веб-страницата која го објавува квалитетот на воздухот низ светот „IqAir“ денеска го вброи Скопје меѓу првите 5 градови со најзагаден воздух во светот.

Најзагадени места во Скопје се Лисиче, Кисела Вода, Гази Бабе, Центар, Карпош. Индексот на загаденост во Скопје е 165, што е крајно нездраво.

Неколку дена по ред загаденоста на воздухот во некои градови во Македонија продолжува да биде висока, а надлежните се уште не презеле никакви мерки.

Пред неколку дена во извештајот на ЈЗУ беше објавено дека во Македонија годишно умираат над 3.800 луѓе како последица на загадениот воздух