ПСЖ ја прифати понудата на Ал Хилал од 300 милиони евра, се чека одлуката на Французинот

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, во клубот Ал Хилал од Ријад.

Светските медиуми претходно објавија дека Ал Хилал испрати понуда до ПСЖ вредна 300 милиони евра за една година.

Францускиот клуб, како што дознава англискиот „Сан“, ја прифатил оваа понуда, па му дал дозвола на арапскиот клуб да разговара со фудбалерот за неговите услови.

Мбапе има уште една година од договорот со парижаните. Неговата желба е да замине во Реал Мадрид, но клубот не му дозволува. Компромисот би можел да биде Мбапе да помине една година во Арабија, а Ал Хилал му нуди неверојатни 700 милиони евра за една година!

Напаѓачот би станал најскапиот играч во историјата на фудбал и воедни би го надминал рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ од 222 милиони евра.