Рама по средбата со Вучиќ: Никој не треба да го потценува ризикот од ескалација на тензиите

Рама на самиот почеток на обраќањето порача дека „може да се направи некој нов план и да се отвори некој нов пат за интеграција на нашите земји на европскиот пазар“.

Единствениот пат напред не е патот на зголемување на тензиите, туку патот на дијалог и договор. Никој не треба да го потценува ризикот од ескалација на тензиите до точка кога ќе се најдеме во таква ситуација некои вооружени движења да почнат да прават нешто што не смееме да дозволиме да се случи на ниеден начин, изјави синоќа во Белград албанскиот премиер Рама, говорејќи за тензиите на северот на Косово на заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рама на самиот почеток на обраќањето порача дека „може да се направи некој нов план и да се отвори некој нов пат за интеграција на нашите земји на европскиот пазар“.

„Не можеме да се согласиме за сѐ, но ќе дадеме сѐ од себе за да го унапредиме процесот на соработка и мир“, рече Рама.

Потсети дека е на турнеја низ земјите од Западен Балкан со цел да се разговара за теми од заеднички интерес.

„Со тензиите што се присутни на северот на Косово избегнуваме јавно да ги изнесеме своите мислења за да не ја влошиме ситуацијата и да ја свртиме во насока во која не треба“, рече Рама и додаде:

„Според мое мислење, единствениот пат напред не е патот на зголемување на тензиите, туку патот на дијалог и патот на договор.“

На новинарско прашање во кое се споменати неговите претходни изјави во кои рече: „Не дај Боже северот на Косово да се претвори во Донбас“, Рама одговори:

„Никој не би требало да го потценува ризикот од ескалација на тензиите до таа точка за да се најдеме во таква ситуација некои вооружени движења да можат да почнат да прават нешто што не смееме да дозволиме на ниеден начин да се случи. Тоа можеби би нѐ довело до ситуација што може е споредлива со Донбас. За да се создаде одредена територија во рамките на регионот што би довела до последици од незамисливи размери и би го направила невозможно тоа да вложиме енергија и да ја вратиме ситуацијата во претходната состојба. Денес ситуацијата е таква што и понатаму е многу можно да се контролира со јасно дефинирани точки со цел деескалација одредени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да дојде до заедничкото население и тоа да преовлада“, рече Рама.

Албанскиот претседател додаде дека смета оти одолговлекувањето со процесот за Заедницата на српски општини е стратегиска грешка.

„Покрај тоа, грешка е и да се одолговлекува создавањето услови за граѓаните на Србија да ги остваруваат своите верски права. Инсистирањето на тоа да се остане во општинските згради со градоначалници што се избрани во услови на бојкот, сметам дека тоа е грешка“, додаде Рама.