ДАЛИ ВАШАТА ЛИНИЈА НА ЖИВОТОТ на дланката е прекината или кратка? Од ова се плашат многумина, а еве што всушност значи

Што значи кога животната линија на дланката е прекината или кратка – експерт ги руши митовите!

На дланка имаме различни линии преку кои се толкува животот, иднината и патот на животот. Сепак, се случува линијата на животот да биде прекината. Многумина го поврзуваа со нешто негативно, но експертите открија дека ова е мит.

Животната линија на дланката на левата рака се протега од зглобот налево, а на десната рака од зглобот надесно. Постои мит според кој се верува дека луѓето со кратка животна линија побрзо ќе го напуштат овој свет, а некои дури веруваат дека тоа укажува на крајно ризични ситуации во животот. Меѓутоа, спротивното е точно.

Ако имате  кратка или прекината линија на животот , тоа значи дека личноста најверојатно ќе го смени местото на живеење и најверојатно тоа ќе биде преселба во странство. Преселувањето во друг град, а особено во друга земја, претставува голема промена во животот на секој човек. Тоа значи промена на работата, кругот на пријатели, животот и навиките. Затоа овој животен потег е испишан на вашата дланка, како важен дел од вашата судбина.

Покрај линијата на животот, важна е и линијата на главата на дланката, која најчесто се поврзува со линијата на животот и укажува на интелигенцијата и имагинацијата на човекот, како и на начинот на кој го набљудува светот. Исто така, подеднакво важна е и линијата на срцето, која се наоѓа на врвот на дланката и ги означува вашите чувства, односно ако е долга и убаво обликувана, тоа значи дека личноста има јасни емоции кои ги разбира и е сочувствителна.