Расчистени пет кражби во Тетово, четири велосипеди и еден електричен тротинет вратени на сопствениците

Полициски службеници на СВР Тетово вчера целосно расчистиле пет кражби извршени во текот на овој месец, а за кои е осомничен малолетник од тетовско Селце. 

Како што денеска информираа од МВР, кај него биле пронајдени и од негов роднина одземени четири велосипеди и еден електричен тротинет, кои им биле вратени на сопствениците. 

По целосно документирање на случаите, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава