Турската провинција Хатај во доцните попладневни часови беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени. Земјотресот е почувствуван и во Сирија.
Новинарот на Си-Ен-Ен, Турк Бусе Девирен , кој вечерва емитуваше во живо од кампот каде што има преживеани од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на почетокот на месецот, имаше многу емотивен одговор.
Таа рече дека при новите земјотреси денеска се превртеле шпоретите во шаторите и дека луѓето бегаат, што може да се види и на видеото. Меѓу преживеаните владеела паника.
Во еден момент репортерот заплака. Како изгледаше сè, можете да видите во видеото.