Во интервју за весникот Ас, Родри му одговори на Кристијано Роналдо по неговите критики за доделувањето на Златната топка за 2024 година. Португалецот, петкратен добитник на наградата, изборот на Шпанецот го оцени како „нефер“ во однос на Винисиус.
Откако ја доби Златната топка на 28 октомври, Родри нема дадено интервју без да мора да ги оправда своите заслуги за оваа престижна награда.
Во интервју за As, играчот од средниот ред на Манчестер Сити беше запрашан за неодамнешните критики кон Кристијано Роналдо, кој рече дека наградата ќе му ја додели на Винисиус.
Беше неправедно“, изјави петкратниот освојувач на „Златната топка“.
„Златната топка му ја дадоа на Родриго, кој исто така ја заслужува, но мислам дека мораа да му ја дадат на Винисиус, бидејќи тој ја освои Лигата на шампионите и даде гол во финалето“, изјави Роналдо.
Оваа изјава го изненади Родриго, кој „стручно“ го искаса Роналдо.
Навистина е изненадување, бидејќи тој знае подобро од кој било како функционира оваа награда, а особено како се избира победникот“, изјави шпанскиот интернационалец.
„Годинава новинарите кои гласаа мислеа дека јас треба да ја добијам наградата. Веројатно тие беа истите новинари кои во еден момент гласаа да победи и претпоставувам дека тогаш беше добро“, вели Родри.
Родри моментално се опоравува од повредата на лигаментите на десното колено, а се надева дека ќе се врати на терените на крајот од оваа сезона и покрај првичните прогнози дека неговата сезона е завршена.