РОНАЛДО ДОДЕКА СПИЕ ДОБИВА 182.000 ЕВРА! Момци, ова е лудост: Познат Португалец заработува ПЕТ СТАНА ВО МАКЕДОНИЈА дневно!

Од самиот почеток се шпекулираше за парите кои Кристијано Роналдо ќе ги добие за трансфер во Ал Наср, а се уште има непотврдени информации дека неговиот потпис на договорот е вреден 200 милиони евра. Плус бонуси!

Кристијано Роналдо

Што значи во пракса да се заработуваат 200 милиони евра годишно?

Португалецот месечно ќе инкасира 16,67 милиони евра. Односно 555.555 евра дневно.

Или, 23.150 евра на час, 386 евра секоја минута и 6,5 евра во секунда.

Ако се земе предвид дека спие осум часа, во тој период заработува 182.000 евра …

Секако, сето ова е под претпоставка дека договорот навистина вреди толку, за што веројатно никогаш нема да добиеме официјална потврда.