Руската морнарица одбила украински напад со пловила без екипаж во Црното Море

 – Руската морнарица одбила украински напад и уништила три пловила без екипаж во Црното Море во текот на изминатата ноќ, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

„Синоќа, вооружените сили на Украина се обидоа, но не успеаја да ги нападнат патролните бродови ‘Сергеј Котов’ и ‘Василиј Биков’ од Црноморската флота со три пловила без екипаж“, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму се истакнува дека сите три чамци се уништени од оган од страна на пловилата што биле цел.

Инцидентот се случил на 340 километри југозападно од Севастопол, најголемиот град на полуостровот Крим на Црно Море.