Руските напади погодија најмалку две енергетски локации во јужна Украина

За време на ноќните руски напади беа погодени најмалку два енергетски објекти во јужниот дел на земјата.

Зафатена е трафостаница во Николаев, како и производствени капацитети во областа Одеса, соопшти Министерството за енергетика. Украина синоќа беше нападната со 3 проектили и 17 беспилотни летала.

Москва ги опиша нападите како одговор на нападите со украински беспилотни летала врз руските нафтени рафинерии.

Германија најави нов пакет воена помош за Киев. САД одобри продажба на воена опрема во вредност од 138 милиони долари на Украина за поправка и модернизација на ракетните системи Хок.