РУСКИ ФУДБАЛСКИ СУДИЈА ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Данил беше еден од најперспективните судии, но свирчето го замени со пушка

Рускиот фудбалски судија Данил Шеметов загинал во војната во Украина, соопшти Фудбалската федерација на Русија.

Шеметов имаше 31 година и важеше за еден од најперспективните судии во таа земја.

Данил судеше на 41 натпревар во Втората лига, како и пет натпревари во Купот на Русија. Наскоро требаше да дебитира во Првата лига на Русија.