РУЧЕК СО НОВАК: Еве кога Ѓоковиќ го игра првиот меч на Ролан Гарос!

Почнува кампањата за Купот на мускетари.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна точното време на првиот меч на Ролан Гарос.

Повеќекратниот грен слем шампион во понеделник околу 14 часот ќе го започне патувањето кон нов трофеј против Александар Ковачевиќ. 

Тој ќе игра на Филип Шатрие, главниот терен на Ролан Гарос, а неговата средба е втора на програмата по средбата меѓу Плишкова и Стивенс.

Од останатите српски тенисери, Филип Крајиновиќ на теренот 7 најрано до 15 часот ќе игра против Френсис Тиафо.

Хамад Меѓедовиќ на теренот 4 околу 15 часот ќе игра против Маркос Жирон.

Душан Лајовиќ ќе игра против Жижен Жанг на теренот 5, последен во дневниот распоред, не пред 17:00 часот.

Од 11 часот на Сузан Ленглен, главниот фаворит за титулата (барем според букмејкерите) Карлос Алкараз игра против Флавио Коболи.