Само 3 состојки: Рецепт за сос од кромид кој одлично оди со месо

Соубизот е француска класика која може брзо да се подготви дури и кога сте во брзање, а неговата сладост се должи на пржениот кромид, путер и павлака…

Одлично со месо на скара, зеленчук на скара, вкусно со тестенини или ориз – собизот е еден од оние сосови што секогаш е добро да го имате на ум кога ви треба брз додаток на јадењата.

Француската класика базирана на бешамел е едноставен сос кој својата фина арома ја должи на кромидот. За собизот , традиционалистите ќе измешаат во бешамел пире од запржен кромид, но има и поедноставна верзија со мешање на кромид, путер и крем во кремаст сос што можете да го прелиете врз месо на скара, печено пилешко во тава, компири во рерна или други варијации на темата. Ајде да се зафатиме…

Состојки за собизот:

  • 2 главици кромид со средна големина
  • 3 супени лажици путер
  • 1,5 чаши павлака
  • сол по вкус

Подготовка на собиз:

  1. Растопете го путерот во тава на тивок оган и додадете го ситно исечканиот кромид.
  2. Пржете додека не се намали течноста, но внимавајте да не порумени кромидот. Може малку да се затемни, но треба да остане светло.
  3. Додадете павлака и сол, па измешајте во кремаста смеса, за да се изедначи сосот и послужете со месо или зеленчук.