Санчез: Треба да се сослуша гласот на Кина за да се најде излез од војната во Украина

– Светот треба да го слуша гласот на Кина за да се најде излез од војната во Украина, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, пред неговата државна посета на Пекинг следната недела.

– Кина е глобален актер, па очигледно мораме да го слушаме нејзиниот глас за да видиме дали можеме да ставиме крај на оваа војна и дека Украина може да го врати својот територијален интегритет, рече Санчез по состанокот на Европскиот совет.

Санчез треба да го посети Пекинг на 31 март за да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.