Свекрва со автомобил ја удрила снаата, тврди дека е случајно: Мартина починала пред првиот роденден на ќерката

Мартина Бреши (31) од населбата Фиљне Владарно во областа Фиренца во Италија го загуби животот во несреќа која се случила кога автомобилот несакајќи ја удрил додека зад воланот била нејзината свекрва.

Несреќата се случила ден пред големата прослава на првиот роденден и крштевката на ќерката на Мартина.

Тој ден Мартина, нејзината ќерка и свекрвата (66) биле заедно во градот за да ги направат последните подготовки за оваа важна прослава.

Мартина, сопругот и ќерката штотуку се вратија од Германија, каде што поминаа дел од годината на работа.

Кога се вратиле дома, Мартина отишла зад автомобилот да ги стави работите во багажникот, додека нејзината свекрва седела зад воланот, а нејзината едногодишна ќерка била на задното седиште.

Тогаш автомобилот наеднаш тргнал наназад, удирајќи ја Мартина и фрлајќи ја на тротоарот. Како што објави „Кориере дела сера“, таа починала на лице место.

Итната помош веднаш реагирала, но не успеала да и го спаси животот.

Свекрвата во шок била пренесена во болница, додека соседите биле потресени од страшната смрт на младата мајка.

Според првичните информации, се чини дека автомобилот со автоматски менувач бил запрен на благ наклон кога се случила оваа несреќа, но полицијата сè уште целосно не ја расветлила причината за трагедијата.