Хутите тврдат дека нападнале израелски и неколку американски бродови во Црвеното Море

– Јеменските Хути денеска соопштија дека истрелале повеќе проектили врз израелскиот товарен брод MSC Silver во Аденскиот Залив, како и врз неколку американски бродови во Црвеното и Арапското Море.

Портпаролот на оваа јеменска милитантна група Јахја Сареа изјавил дека во нападот на американските бродови биле користени дронови.

Тој, исто така, рече дека нападите на Хутите биле насочени и кон локации во јужниот израелски град Еилат.

Хутите почнаа да напаѓаат бродови во Црвеното Море во ноември во знак на одмазда за израелскиот напад врз Појасот Газа.