Светската атлетика ќе ги исклучи трансродовите жени од женските натпреварувања

– Светската атлетика одлучи да ги исклучи трансродовите жени кои поминале низ машки пубертет од женските натпревари, јави Скај Њуз.

Претседателот на телото, лордот Себастијан Коу, рече дека е преземена „одлучна акција“ за „да се заштити женската категорија во нашиот спорт“.

Лордот Коу на прес-конференција во Монако рече: „Советот се согласи да ги исклучи трансродовите спортисти кои од мажи станале жени а поминале низ машки пубертет, од натпреварувањата за светско рангирање на жените, почнувајќи од 31 март.

– Во јануари, Светската атлетика соопшти дека се консултира со федерациите-членки за предлогот за промена на правилата за учество на трансродовите жени во женски натпреварувања. Прашањето е трнливо бидејќи спортот се обидува да постигне рамнотежа помеѓу инклузивноста и осигурување дека никој нема неправедна предност, појасни тој.