СДСМ: Параноичниот Мицкоски сака да се скара со цел свет и Европа

Паранојата што ја покажува Христијан Мицкоски за некакви светски заговори јасно покажува дека тој е антиевропски политичар. Мицкоски е ист како неговиот ментор и претходник, Никола Груевски, и е целосно свесен дека реториката што ја искажува последните денови, анти-ЕУ и анти-НАТО, ќе ја остави Македонија изолирана најмалку уште 11 години. се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

„Параноичниот Мицкоски сака да се бори со нас со цел свет и со цела Европа. Прво зборуваше за некаква бугаризација и асимилација, а потоа кога се покажа дека тоа не е вистина почна да зборува за бугарски диктат.

Откако стана јасно дека нема бугарски диктат, Мицкоски сега ја менува реториката и зборува за некаков светски притисок и заговори против него и неговата партија.

Тој едноставно има способност да создава само непријатели, па мисли дека сите мислат така!, велат од СДСМ.