СДСМ: Струјата нема да поскапи, од декември се враќа ефтината дневна тарифа

Енергетските мерки и политики на СДСМ создаваат услови струјата да не се зголемува. Граѓаните можат да бидат мирни за снабдувањето со струја и цената на струјата, велат од владејачката партија.

Од владејачката партија додаваат дека од 1 декември ќе се врати ефтината дневна тарифа на струјата за семејствата.

„Институциите предводени од СДСМ во минатата грејна сезона, во услови на криза и неизвесност, покажаа капацитет и и покрај сценаријата на опозицијата, немаше ограничувања, ниту пак поскапување на струјата. Локалното производство на електрична енергија значително расте, со сериозни инвестиции во обновливи извори, кои со енергија од сонцето, ветерот и македонската вода, ја штитат животната средина и ги намалуваат сметките на граѓаните“.

„Покрај новоотворената фотонапонска централа во Новаци, има и неколку други големи инвестиции, како што се агроволтаичниот парк Штип, изградбата на хидроцентралата Чебрене вредна над една милијарда евра и ветерниот парк Вирови“.

Инвестициите во производството на електрична енергија од обновливи извори се доказ дека државата прави енергетска транзиција, за да ја постигне својата цел, а тоа е да биде лидер во зелената енергија во регионот и во Европа“, велат од СДСМ.