Секој петти основец во Македонија живее во сиромаштија

Една петтина од основците живеат во сиромаштија. Во некои училишта тоа е 50 проценти од децата, некаде е 10 проценти, но и да е едно, го заслужува вниманието што му треба, вели Елена Мишиќ, лидер на проектот за подобрување на состојбите во образованието, а кој беше презентиран денеска на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

Таа додаде дека училишните практики во однос на децата со слаби перформанси се развиваат.

„Она што загрижува е што децата од најсиромашните групи покажуваат многу послаби резултати на меѓународните тестови. Ова е ситуација која се менува, не е на ниво на цела држава, бидејќи сиромаштијата е од различен тип, може да биде финансиска, немање услуги и можности, може да биде во руралните средини, во помалите градови. Секое училиште се справува со своите предизвици“, вели Мишиќ.

Tаа нагласи и дека целта на проектот е поголема вклученост на ранливите групи, но и подобрување на процесот на учење за овие деца да постигнат ист успех како и оние кои имаат повеќе можности за учење и развој.

„Зборуваме за улогата на дополнителната настава, за индивидуализација на наставата да одговори на потребите и стиловите на учење на секое дете. Станува збор за можностите за бесплатен превоз, како се прави, за бесплатни оброци и за секакви мерки и воннаставни активности на ниво на училиште, како што се хуманитарни акции, поддршка, поддршка од врсници, поддршка на наставниците, подобрување на улогата на родителите. “, рече тој. Мускулите.

Денеска на Факултетот за образовни науки во град Штип се одржа петтиот состанок на Националното тело за развој на политики на кој учествуваа претставници од училишта, невладини организации и државни институции.