СЕРГЕЈ ЛАВРОВ СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА! Првиот човек на руската дипломатија тврди дека Западот организира ‘пуч’ против Владимир Путин !?

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји отворено покажуваат дека целта им е да ја дестабилизираат Русија пред претседателските избори што ќе се одржат во таа земја во 2024 година, објавија руските медиуми.

Продолжува злонамерната практика на мешање во внатрешните работи на суверените нации. Западот отворено покажува дека неговата цел е да ја дестабилизира нашата земја пред претседателските избори закажани за следната година“, изјавил првиот човек на руската дипломатија.

Руските медиуми наведуваат дека тоа го рекол на состанокот на Комитетот за меѓународна соработка и помош на сонародници во странство на владејачката партија Единствена Русија.

Првиот круг од претседателските избори во Русија е закажан за 17. март 2024 година, а вториот круг на гласање, доколку има таков, треба да се одржи на 7. април. Претседателската инаугурација е планирана за 7. мај 2024 година.

Ова ќе бидат први избори по уставните промени во Русија во 2020 година што му овозможија на претседателот Владимир Путин повторно да се кандидира. Кремљ на почетокот на оваа година ги демантираше наводите на рускиот весник Komersant дека се започнати подготовките за изборната кампања на Владимир Путин, кој се уште официјално не ја објавил својата кандидатура за нов мандат.