СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ ЗА ШАМПИОНОТ НА ИТАЛИЈА – Најдобриот фудбалер на Наполи надвор од теренот барем уште еден месец

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, ќе отсуствува од терените најмалку уште еден месец поради повреда на тетивата, објавија денес италијанските медиуми.

Виктор Осимен заработи повреда играјќи за Нигерија на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија на 13. октомври, поради што мораше да ги пропушти натпреварите против Верона и Унион Берлин.

Како што пренесуваат медиумите, 24-годишниот напаѓач ќе биде подложен на нови прегледи во ноември, за време на паузата во првенството поради репрезентативни обврски.

Според моменталната ситуација, Виктор Осимен најверојатно нема да се опорави навреме за натпреварот против Аталанта на 25. ноември.

Клубот не сака да ризикува и да го врати играчот на теренот недоволно закрепнат, па се очекува Виктор Осимен да паузира најмалку уште еден месец.

Виктор Осимен постигна шест гола во неговите први осум натпревари во Серија А оваа сезона.