Се крена голема фама! Дали судиите ѝ го украдоа пласманот на Украина на ЕП? Спорната одлука во 93. минута предизвика лавина од реакции! (видео)

Дали судиите ги наместија Азурите?

Репрезентацијата на Украина остана без пласман на Европското првенство, која ремизираше 0:0 во директниот дуел со Италија во последното коло од квалификациите.

На Италијанците им беше доволен бод да ја заверат втората позиција зад Англија и да добијат виза за Германија. Од друга страна, на Украинците им беше потребна победа, па сега ќе бараат шанса да излезат на ЕП преку дополнителни квалификации.

Многумина веруваат дека Украина е сериозно оштетена во оваа битка. Имено, во драматичната завршница на натпреварот Мудрик ја прими топката во шеснаесетникот на Италија и остана на земја по стартот на Кристанте, но шпанскиот судија Жил Манзано оцени дека нема елементи за пенал. Неговата одлука ги налути Украинците, кои сметаат дека се сериозно оштетени во оваа ситуација.

Протестираа, го обиколија судијата, но залудно. Манзано остана доследен, не сакаше да ја промени својата одлука.

Овде можете да ја погледнете спорната ситуација: