СЕ НАТПРЕВАРУВАЛ СО ПРИЈАТЕЛ – Инфлуенсер починал по снимањето на предизвикот, испил четири шишиња вотка

Инфлуенсерот познат како Sanqiange починал по видеото на кое пие четири шишиња кинеска вотка.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, кинескиот инфлуенсер починал набргу по преносот во живо пиејќи неколку шишиња алкохол на кинеската социјална мрежа Douyin на 16 мај.

Санкианге бил пронајден мртов само неколку часа по видеото во кое се натпреварува со друг инфлуенсер и пријател, каде што требаше да се напијат Баиџи, силен кинески пијалок кој содржи меѓу 30 и 60 проценти алкохол.

Таканаречените предизвици „PK“, кои се извршуваат на кинеската верзија на TikTok, вклучуваат натпревар каде инфлуенсерите се натпреваруваат едни против други за да добијат награди и подароци од гледачите, а често се вклучени и казни за тој што изгубил.

Овој инфлуенсер често се снимал себеси како учествува во слични предизвици поврзани со алкохолот. Видеото од него како учествува во неговиот последен предизвик стана вирално на кинеските социјални мрежи, но набрзо било отстрането. Неговата смрт веројатно ќе ја надополни дебатата на кинеските власти за регулирање на социјалните мрежи.