„Се омажив од досада“ Објавата на Соња Вуксановиќ ги збуни сите, сите се прашуваат што направи поранешната жена на Лукас (фото)

Соња Вуксановиќ зад себе има бракови со пејачите Жељко Шашиќ и Ацо Лукас, а сега повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Во нејзиниот пост пишува: „Што е најлошото нешто што сте го направилс кога ви било досадно?”

– ,,Се омажив“, напиша Соња.

Засега не се знае дали Соња повторно стапнала на „лудиот камен“ или пак открила дека од досада се омажила за еден од двајцата поранешни мажи.

Аца по разводот во неколку наврати зборуваше за Соња.

– Инстантно се заљубив во Соња, која се обиде од мене да направи миризлива пудлица. Ме галеше и гушеше, а што е најлошо, тоа ми се допаѓаше – пишува во неговата биографија.

– Се венчавме во црквата Свети Василиј Остроски. Потоа со гостите отидовме во ресторанот. Сè беше како бајка. И тогаш се роди Викторија, омилената моја – рекол Лукас.