Се очекува Владата да одобри давање под закуп на земјиштето, по што ќе започне инвестицијата за електрични автомобили во Тетово

По 11 месеци преговори, компанијата која планира да инвестира во електрични автомобили во Тетово, потпиша договор со три локални градежни компании за изградба на објектот. Во моментов се очекува Владата да даде согласност за договорот за закуп на земјиштето, најави денеска директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

Како што оцени Деспотовски, работите течат, но не со посакуваната динамика.

„Во моментов „топката“ е на теренот на Владата. Очекуваме согласност за закуп на земјиштето во наредните недели. Веднаш потоа ќе биде наша обврска, на Дирекцијата, соодветно да го подготвиме земјиштето. Теренот, целата тамошна област е во опасност од поплавување. Работите се движат, но не со посакуваната динамика. Подготвителните работи се веќе завршени, извршено е испитување на почвата. „Практично, работите се започнати, но, сепак, кога ќе видиме багери и градежни машини на локацијата, тогаш може да се каже дека, да, активностите се започнати“, нагласува Деспотовски.

Владата пред една година склучи договор со „Некст.Е.ГО мобиле“ за државна помош за нова инвестиција со која се предвидува целосно производство на електромобили во Тетово.