Се очекува во текот на денот да биде испратено барање за екстрадиција на Палевски од Турција

Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција.

Oд Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција.