СЕ ПОЧАСТИЛА СО НОВ АВТОМОБИЛ: На Рада Манојловиќ и се потсмевале дека возела стар автомобил, сега се почастила со мечка од 40.000 евра

Рада Манојловиќ се почастила со нов автомобил и за него наводно потрошила околу 40.000 евра.

Пејачката беше уловена од екипата на шоуто „Папарацо лов“ по снимањето на една емисија, а многумина забележаа дека пејачката купила нов автомобил. Рада се пофали со својот нов автомобил, црн караван „мерцедес“.

Пејачката Рада Манојловиќ призна дека била мета на критики поради автомобилот што го возела, а, како што тврдела, дури и работниците на бензинската пумпа и се смееле, а кога купила нов, полуксузен автомобил, повторно предизвикала негативни коментари.

– Луѓето ми се смееја. Возев автомобил Пежо 207 девет години. А луѓето што работат на бензинска пумпа, во продавница… Застанувам да наполнам гориво и ми велат: „Па ти уште го возиш тој велосипед“. Колку пати ми рекоа на царина: „Па, уште не си ја сменила колата“ – рекла Рада.