Се појави видеото од ДЕТСТВОТО на СИНЕР: Од мал е шампион, но НЕ САМО ВО ТЕНИС! (ВИДЕО)

Јаник Синер ги воодушеви сите на неодамна завршениот Австралија опен, каде ја освои титулата , а сега во јавноста се појави видео од Италијанецот од неговото детство, на кое можете да го видите како освојува медали, но додека скија!

На видеото се гледа како Синер речиси беспрекорно минува патека, а потоа го добива трофејот наменет за шампионот на оваа трка.

Покрај тенисот и скијањето, многумина тврдат дека Италијанецот е добар и со фудбалска топка во нозете, па сличноста со Новак Ѓоковиќ е повеќе од очигледна.