Се појави шокантно видео – Јокиќ скокна од карпа! Најдобриот светски кошаркар го остави светот во неверување со ризичниот потег! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео кое ги остави без зборови фановите на Никола Јокиќ.

По исклучително напорната и успешна сезона, која ја круниса со освојување на шампионски прстен и признание за најдобар играч на финалната серија, Јокиќ максимално ужива во заслужениот одмор.

За разлика од повеќето негови колеги кои паузата ја користат за посета на бројни егзотични дестинации ширум светот, скромниот Сомборчанец одлучил најголемиот дел од одморот да го помине во својата земја. Следел коњски трки, играл кошарка со своите стари пријатели во Сомбор, накратко бил во Италија, а потоа со пријателите се упатил во Босна и Херцеговина да ужива во рафтинг на реката Тара, од каде продолжил на познатата регата Дрина.

– Никола е толку нормален и едноставен тип. Чест ни е што сака рафтинг и што нè избра нас да уживаме во авантура, адреналин и недопрена природа – изјавија луѓе од рафтинг кампот DMD.

Најдобриот светски кошаркар на ова патување изведе и разни акробации. Пред неколку дена се појави снимка како прави салто од брод и скока во вода, а сега се појави уште еден далеку поризичен потег на суперѕвездата на НБА.

Никола се искачи на висока карпа и скокна во ледената река. Неговиот скок воопшто не изгледаше наивно.