Се урнал борбен авион МИГ-23! Борецот падна на аеромитинг, објавена застрашувачка снимка од падот! 

Познатиот авион МиГ-23 од советско производство се урна денеска за време на аеромитинг во Мичиген!

Борбениот авион настапувал на аеромитинг во близина на аеродромот Вилоу Ран, кога пилотот изгубил контрола над леталото .

Во неделата на аеродромот се одржа воздухопловното шоу „Гром над Мичиген“, при што неколку авиони, меѓу кои и МиГ-23, изведуваа различни воздушни маневри. МиГ-23 е застарен авион кој ја вооружувал авијацијата на СССР, но е во борбена употреба во неколку други армии низ светот!

Портпаролот на настанот изјави за Локал 4 дека МиГ-23 се урнал пред станбениот комплекс. Пилотите во авионот се катапултирале и биле пронајдени.

Нивната состојба засега не е позната.