Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Се шири силниот пожар кај Дојран и е дојден пред селото Николиќ, а секој момент се очекува поддршка за гаснење од хеликоптер на МВР со ведро од три тони.

Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пожарот бргу се шири и упатено е барање од нивна страна за подршка за гаснење од возух.

-Очекуваме секој момент да дојде поддршката од хеликоптер, а пожарот се шири со голема брзина. Пожарот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“, но теренот е непристапен и тешко оди смирувањето на огнената стихија, изјави за МИА градоначалникот на Дојран, Ангов. 

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), постои опасност од брзо ширење на пожарот заради ветрот и оттаму потврдуваат дека е упатен големиот хеликоптер на МВР со ведро од три тони.