Силно невреме ја зафати Западна Европа: Има мртви и повредени, повеќе од 1,2 милиони домови без струја во Франција, училиштата затворени (ВИДЕО)

Поради невремето, брановите утринава достигнаа максимална висина од 21 метар во близина на брегот на Финистер, а превентивно се евакуирани 43 семејства.

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја по бурата „Киран“ што ја погоди земјата во текот на ноќта, а ветровите достигнаа максимална брзина од 193 километри на час. Загинаа неколку лица, а евидентиран е поголем број повредени.

На северот на Франција, возач на камион загина откако невреме собори стебло од дрво кое паднало врз неговата кабина, а најмалку 16 лица се повредени во невремето во Франција.

Поради невремето утринава брановите достигнаа максимална висина од 21 метар во близина на брегот на Финистер, а превентивно се евакуирани 43 семејства од регионот, а патниот сообраќај е во прекин. Невремето урна дрвја и однесе покриви.

Делови од Бретања и Нормандија се под црвена тревога поради силни ветрови, а остатокот од северозападниот дел е под портокалова тревога, соопштија властите, додека Ројтерс јавува дека повеќе од милион домови се без струја.

Во Гент, Белгија, едно лице загинало кога врз нив паднало дрво поради бурните ветрови, а истото се случило и на југот на Холандија, каде исто така дрво паднало врз едно лице.

Локалните власти во Белгија ги предупредија жителите да не одат во близина на зелените површини поради страв од паѓање на дрвја.

На друго место во Европа, најмалку пет лица ги загубија животите поради невремето .

Холандската авиокомпанија KLM ги откажа сите летови што поаѓаат и пристигнуваат во Холандија од рано попладне до крајот на денот , наведувајќи ги како причина големите брзини на ветерот и силните налети кои се очекуваат во таа земја.

Во Шпанија, каде што невремето зафати голем дел од земјата со силен дожд и силен ветер, службите за итни случаи во Мадрид соопштија дека една жена починала откако дрво паднало врз неа.и дека во инцидентот на улица во центарот на градот полесно се повредени уште три лица.

Парковите во главниот град и другите шпански градови беа затворени, а откажани се и неколку возови и летови.

За брегот на Северното Море во Германија е издадено предупредување за невреме, а за дел од брегот на Балтичкото Море е издадено предупредување за силен ветер.

Илјадници луѓе останаа без струја и во Британија, каде силните ветрови дуваа покриви од згради и уриваа дрвја.

Стотици училишта беа затворени во крајбрежните населби во југозападниот дел на земјата.