СИТУАЦИЈАТА Е СÈ УШТЕ ОПАСНА- Катастрофалните поплави во Словенија не стивнуваат: Водата целосно „проголта“ неколку куќи (ФОТО)
Драматичното невреме што ја зафати Словенија и денеска не престанува, а опасноста за населението се уште постои.
Најлошо во моментов е во Згорњосавњскиот и Межишкиот басен, каде што е наредена превентивна евакуација долж Межанскиот басен. Во Задречката долина конечно воспоставија контакт со светот, но поплавите уништија голем дел од него. Водата ги поплави куќите, а многумина се уште се без струја и вода. Постои и ризик од лизгање на земјиштето на повеќе места поради влажноста на почвата, пишува 24ur .
Спасувачките екипи вчера успеаја да стигнат до Чрна на Корошкем, која беше целосно отсечена без струја, вода и телефонска мрежа. Со хеликоптер се доставуваа храна и основни потреби, со оглед на тоа што се уште нема знаци за смирување на ситуацијата на ова место. Поради лошата видливост и тешките временски услови, хеликоптерот не може да ги евакуира луѓето кои се отсечени на ова место.
Состојбата е многу лоша и во Межица, но жителите овде беа успешно евакуирани. Во Преваље реката Межа се издигна и буквално проголта неколку куќи.
Во областа покрај реката Мура населението е евакуирано, а патиштата се поплавени.
Во Љубно об Савиња водата однела две куќи, но жителите навреме успеале да се спасат и нема повредени.
Претходните денови се снимаа и страшни сцени каде за влакно се избегнуваа трагедии. На едно видео се гледа како мост се урива додека автомобил се обидува да премине, а на првиот ден од поплавите жителите спасуваат жена чиј автомобил поројот го однел.
Тешка е и во Задровачка долина, погодени се места покрај реката Дрета. Жителите се отсечени од светот поради поплавените патишта, а немаат ниту струја, ниту вода. Поплавени се и неколку куќи до таванот.