СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА – Уапсен сенатор: Дрогирал пратеничка со намера да ја силува !?

Францускиот сенатор Жоел Гериу е уапсен и испрашан во полиција под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне.

Тој бил испрашуван од полицијата откако на една жена наводно и се слошило од пијалок со екстази.

Жоел Гериу (66 г.) беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој бил претресен заедно со неговата канцеларија.

Канцеларијата на француското обвинителство соопшти за медиумската агенција France Press дека Жоел Гериу, сенатор од Лоара-Атлантик, бил испрашуван поради сомневање дека на лице, против неговото знаење, му дал супстанции што би можеле да го променат неговиот увид или контрола врз неговите постапки, со цел да изврши „силување или сексуален напад“.

Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта, пишува весникот The Guardian.

AFP објави дека жената која ја поднела жалбата во полиција е член на Долниот дом на парламентот на Франција, но не е именувана и обвинителството не објави никакви информации за неа.

На жената наводно и се слошило откако испила од чаша во куќата на Жоел Гериу. Обвинителите изјавиле дека медицинските тестови на жената откриле присуство на екстази.

При претрес во домот на сенаторот биле пронајдени екстази, пренесе AFP.