Скандал на модна ревија! Фрлено ѓубре по манекенка, залепена торта на лицето на директорот – поради постапките на оваа компанија настанал општ хаос

Еден моден бренд сакаше да укаже на проблемот со психичкото насилство во ерата на социјалните мрежи, па организираше модна ревија за која долго ќе се зборува.

Нема сомнеж дека социјалните мрежи донесоа многу добро. Во денешно време никогаш не било полесно да се комуницира, така да се каже, само со еден клик, со семејството, пријателите, познаниците, кои се на другиот крај на светот. Но, има и такви луѓе кои ги користат социјалните мрежи за лоши цели, за да ги напаѓаат и омаловажуваат другите, кои можеби не ги ни познаваат. 

Еден шведски моден бренд сакаше да укаже на проблемот со психичкото насилство во ерата на социјалните мрежи, поради што претставија прилично скандалозна модна ревија . 

Нивната ревија за есен/зима 2025-2025 година кулминираше со фрлање торта в лице на режисерот, додека за време на самата ревија присутните беа поканети да фрлаат ѓубре на манекенките.

Додека дефилираа по пистата, манекенките претрпеа такво насилство, а на нив беа упатени негативни коментари.

Погледнете како изгледаше во видеото на почетокот на текстот.