Скопјанец починал во Охридското Езеро, во селото Поградец, кое е на границата со Охрид. Станува збор за 44-годишен маж. Првичните неофицијални информации се дека доживеал инфаркт.
Трагичниот настан се случил синоќа околу 18 часот.
Прелиминарниот преглед на телото на жртвата покажал дека не се констатирани траги на насилство.
„Истражната екипа работи на целосно расчистување на околностите и на утврдување на причините за загубата на животот“, соопштија од полицијата во Албанија.