Скоро половина милион Израелци го напуштиле Израел од почетокот на војната во Газа

– Речиси половина милион Израелци ја напуштиле земјата по избувнувањето на конфликтот во Газа на 7 октомври.

Управата за население и имиграција проценува дека 370.000 луѓе го напуштиле Израел во изминатите два месеца, од кои 230.309 во октомври и 139.839 во ноември, објави весникот Зман („Тајмс оф Израел“).

Според списанието, речиси 600.000 Израелци отпатувале во странство на одмор пред избувнувањето на војната во Газа, а речиси 370.000 заминале по конфликтот.

Во октомври во Израел се вратиле 301.982 Израелци, а 194.016 во ноември.

„Бројките покажуваат дека бројот на Израелци кои заминале и не се вратиле се проценува на околу 470.000“, објави Зман.

„Има негативна миграција од околу половина милион луѓе, а тука не се вклучени илјадници странски работници, бегалци и дипломати што ја напуштија земјата“, додава списанието.

– Редуцирана имиграција

Израелското списание наведува дека конфликтот во Газа значително ја редуцирал имиграцијата во Израел.

Според податоците објавени од Министерството за имиграција и интеграција, во периодот од 7 октомври до 29 ноември во Израел имигрирале речиси 2.000 луѓе.

„Ова е еднакво на речиси 1.000 имигранти месечно, во споредба со околу 4.500 имигранти месечно во просек колку што пристигнувале од почетокот на годинава до избувнувањето на војната, што покажува намалување за над 70 отсто“, пишува весникот.

Во првите недели од војната во Газа, имиграцијата во Израел речиси престана, а само 1.096 имигранти пристигнаа во Израел во октомври, објави Зман.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Најмалку 16.248 Палестинци загинаа, а 43.616 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас во Израел.