Скршена од болки мајката на пејачката која загина во Дубаи по пад од 24 кат: Ја чуваа да не падне

Облечена во црно од глава до пети, ја тешеа и ја поддржуваа пријателите за да не падне, бидејќи жената едвај одела

Денеска во Велина Село била погребана младата пејачка Андријана Лазиќ , која на 10 јануари трагично загина во Дубаи по пад од 24 кат. 

Погребот беше закажан за 13 часот, а ожалостените се собраа пред семејниот дом.

Додека тажната поворка тргна кон местото каде што ќе биде погребана Андријана, нејзината мајка Љиља видно потресена тргна кон гробот каде засекогаш ќе се збогува со својата ќерка.

Инаку, Љиља деновиве не се огласи за медиумите, ниту на социјалните мрежи и не се појави во јавноста, за разлика од таткото на несреќната девојка Небојша Лазиќ кој го потврди овој настан.

На барање на семејството, на Јутјуб беа објавени две песни кои таа ги направи со композиторот Горан.